+389 070 392 092 Перо Наков 118А, Скопје 1000
info@growshopmkd.com
0
Кошничка 0 производи
Опрема за одгледување / Колци, мрежи и потпора за растенија

Мрежа за потпора High Pro Net 120

Brand

SCROG е добра техника на растење која им овозможува на растенијата кои имаат мал корен простор (на пример во случај на хидропони системи) да растат дури и во отсуство на вертикална висина бидејќи растенијата ќе имаат тенденција да растат хоризонтално наместо вертикално.

720,00 ден

Опис

Оваа техника е докажан метод кој ефикасно го зголемува производствениот капацитет на растенијата. максимум 120cm x 120cm.

Мрежата е квадратна, со куки за прицврстување на структурата на грубокс.
Преку методот SCROG се добиваат поголеми приноси бидејќи има подобра дистрибуција на светлината. Без разлика дали е од семка или клон, врвот од стеблото на растенијата треба да пресече (кога има формирано најмалку 5 пара лисја). Со ставање на мрежата одозгора, гранките треба што повеќе да се рашират настрана и добро е да се врзат за мрежата. Така, растојанието од рефлекторот до „екранот“ (екранот е мрежата со врвовите на растенијата што се покажале низ него) е речиси исто и на тој начин се добиваат најдобри приноси. Светилките мора да имаат или Cool Tube или потребен е вентилатор што дува помеѓу мрежата и светилката, бидејќи добро е светлината да биде што поблиску. Добро е да не ставате многу растенија под мрежата.

Кога се поставува мрежата?

Целосно зависи од сортата, но генерално можете да ја поставите во текот на сезоната на растење. Кога 70-80% од мрежата е „покриена“ со вегетација, тогаш се префрла на 12/12h. Можеби ќе биде потребно да се отстранат некои од лисјата кои ги покриваат „плодовите“ за време на цветањето. Клоновите се земаат на 20-тиот ден по промената на светлината на 12/12. Сетблата и лисјата под мрежата кои не се толку значајни заради слабиот развој, а трошат хранливи материи потребни за развојот на стеблата над мрежата, се отстрануваат на 35-тиот ден од промената на 12/12h. Имајте предвид дека вентилацијата е многу важна. Најдобро е да биде вклучена постојано за да не се развие мувла долу, на листовите.

Слични производи